Ќе се избираат најдобрите општествено одговорни фирми

46

50260_254119304632765_1946585956_n Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија и годинава ќе избираат најдобри општествено одговорни претпријатија.
Наградите за најдобри општествени практики ќе се доделуваат во неколку категории и тоа однос кон вработените, етичко управување, однос на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите, заштита на животната средина и вложување во заедницата.
Право на учество имаат сите компании регистрирани во државата. Една фирма може да аплицира само со еден проект во една категорија или со повеќе проекти доколку тие се во различни категории.
Пријавите треба да се достават по електронска пошта или до Министерството за економија најдоцна до 21 мај годинава.
Повеќе информации можат да се најдат на веб страниците www.economy.gov.mk, www.cbcsr.mk и на www.bcm.mk.
Најуспешните ќе бидат избрани од страна на стручна жири комисија.
Годинава, националната награда за најдобри општествени практики е помогната од проектот Корпоративна општествена одговорност за сите, кој е кофинансиран од Европската унија, а во Македонија го спроведува Бизнис конфедерацијата на Македонија.