Ќе се наплаќа влез во центарот на Белград?

27

Фото: Pixabay

Градските власти сметаат дека едно од решенијата за метежит во Белград е наплата за влез во центарот на градот, пренесува Екапија.

Од таа причина ќе биде потребно да се изработи студија под името Управување со сообраќајот во Белград преку модел на тарифирање на пристапот во централната зона. Избраниот понудувач ќе има 180 дена да ги анализира искуствата од праксата на градовите што управуваат со урбаниот метеж, но и анкетирање на граѓаните што мислат за наплатата на влез во центарот на градот.

Се очекува и да се дефинираат зоните во рамки на коишто би се управувало со застоите. Потребно е да се направи и сообраќајна анализа, односно да се увиди како наплатата ќе влијае на сообраќајот во рамки на зоните и надвор од нив.