Ќе се обнови авионската линија Сараево – Подгорица – Скопје

17

avion

По пет години повторно ќе биде воспоставен авионски сообраќај на релација Сараево – Подгорица – Скопје и обратно, пишува порталот cdm.me.

Целта, како што се наведува, е промоција на црногорскиот туризам, како и повеќе туристи од регионот.

Проектот ќе биде реализиран во соработка со BiH Airlines, OKI Airlines, а интерес најверојатно покажала и Montenegro Airlines.

На остварување на овој проект, како што пишува порталот, работеле Амбасадите на Црна Гора и Македонија, министерствата за надворешни работи и европски интеграции, сообраќај и поморство и оддржлив развој и туризам, како и истите институции од Босна и Херцеговина и Македонија.