Ќе се проверуваат илјадници кипарски златни пасоши

38

Кипарската ревизорска институција соопшти дека постои можност илјадници пасоши да се издадени без дозвола според државната шема “државјанство за инвестиции“. Критичарите велат дека програмата ја користат странците за криминал и перење пари.
За инвестиција од најмалку два милиони евра, Кипар обезбедува пасош што гарантира патување без виза во Европската унија. Оваа шема е популарна меѓу граѓаните на Русија, Украина, Кина, а од неодамна на Камбоџа.

Кипарската ревизорска куќа соопшти дека нејзината истрага покажува дека владата ги надминала своите овластувања во давањето државјанство не само на поединци, туку и на нивните семејства.

“Овластувањето дадено на Советот на министри се однесува на странски деловни луѓе и инвеститори, а не на членови на семејството“, се наведува во извештајот. Можно е да има илјадници такви случаи, пишува Ројтерс.

Фото: Pixabay