Ќе се трасира велосипедска патека Белград – Сараево – Дубровник?

23

velosiped

Трасирање на велосипедска патека од Белград преку Сараево до Дубровник, најавија министерот за комуникација и сообраќај на Босна и Херцеговина, Исмир Јуско и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ, на билатерална средба.

Министерот Јуско со воодушевување ја прифатил идејата, односно проектот што го споменал министерот Љајиќ, заедно со колегата од Хрватска да работат на трасирање на ваква патека која би минувала низ три држави. Велосипедската патека би била долга 670 километри, а нејзиното градење би претставувало прв ваков проект во Европа, пишува Klix.ba.