Ќе се зголемува безбедноста на рударите во Саса

41

Експерти од Универзитетот Гоце Делчев од Штип, раководството на Рудникот за олово и цинк Саса, како и градоначалникот на општина Македонска Каменица, синоќа ги утврдија деталите за формирање на работна група која ќе ги предложи мерките за подобрување на безбедноста на рударите.
По рестартирањето на рудникот Саса во 2009 година, се случија неколку несреќи во кои осум рудари ги загубија животите. При последниот инспекциски надзор на раководството на Саса му беше изречена парична казна од 50.000 евра од страна на Министерството за труд и социјална политика.
“Работната група треба да направи анализа преку која ќе се утврдат причините за досегашните несреќи во рударските окна и ќе се предложат соодветни мерки за безбедноста на работните места на рударите, кои ќе треба да ги спроведува одделот за управување со човечки ресурси во Саса”, рече градоначалникот Дарко Митевски.