“Кец во ракав“- Програма што ги чува работниците и ја јакне економијата сега сите ја копираат

357

Алатката со којашто германската влада има намера да ограничи отпуштања во услови на економски шокови предизвикани од епидемијата на коронавирусот, стана новиот “извозен хит“ на најголемата економија во Европа.

Алатката е наречена Kurzarbeit и е програма во којашто компаниите кои се соочуваат со економска криза радикално ја намалуваат саатницата на работниците или ги испраќаат на неплатен одмор, а државата надоместува поголем дел од изгубената заработка.

Поточно, станува збор за исплата на 60% од платите на работниците пред кризата, а исплатата ја прави Федералната канцеларија за труд, којашто, исто така, плаќа надоместоци за невработеност.

Според Анка Хасел, професор по јавна политика на Универзитетот Hertie во Берлин, оваа програма ги задржа повеќето квалификувани работници во германските компании за време на кризата во 2008 и 2009 година и и овозможи на германската економија да се опорави толку брзо.

Според Financial Times вредноста на Kurzarbeit ја забележале и другите европски земји. Данска, Шведска и Норвешка ја следат Германија во воведувањето големи субвенции за работниците кои инаку би биле отпуштени. Слична програма воведува Велика Британија.

Исплата од 60% од “изгубената плата“ за 2,3 милиони работници кои ќе се приклучат на Kurzarbeit, вреди околу 10 милијарди евра.

Минатиот петок министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак претстави програма според која работодавците може да аплицираат за финансиска помош за да помогнат во покривањето на голем дел од нивната плата. Ваквата помош може да покрие до 80% од платата на работникот или до 2.500 фунти месечно (околу 2.700 евра).

Шпанија и Франција имаат слични мерки, а неодамна беа изменети во насока на “германскиот модел“.

Бројот на барања за програмата Kurzarbeit се очекува да се зголеми во наредните недели, бидејќи епидемијата на вирусот зема сè поголем данок во германската економија.

Инаку, Kurzarbeit постои од почетокот на 20 век, но за прв пат беше спроведен пред 12 години. Благодарение на него, стапката на невработеност на Германија се намали од 7,9% на почетокот на кризата на 7% во мај 2009 година.

Фото: Pexels