Kello е паметен аларм и часовник, чијашто функција е да им помогне на луѓето подобро да спијат и да стануваат свежи рано наутро со омилената музика.
Основните функции на уредот го поттикнуваат корисникот да легнува во исто време со што се подобрува сонот и нема проблеми со станувањето наутро. Kello вклучува повеќе функции, на пример Deep Sleep, којашто им помага на корисниците да заспијат веднаш штом ќе легнат, а за таа цел користи бавна пулсирачка светлина што го имитира нивното дишење.
Опцијата Snooze Less им помага помалку да го користат копчето snooze на алармот, за коешто се верува дека го нарушува ритамот на спиењето. Тука е и Wake Up Earlier, функција на Kello што помага корисникот да станува рано без проблеми. Уредот може да се искористи да активира и други паметни уреди во домот, на пример, паметен апарат за кафе за да подготви кафе.
Моментално, алармот има своја кампања на Kickstarter каде досега имаат собрано нас 167.000 долари од првично побараните 50.000 долари. Првите испораки се очекуваат да бидат направени во март 2017 година. Цените започнуваат од 99 долари па нагоре, во зависност кои дополнителни елементи ги порачувате заедно со Kello.