Келнер одби да послужи гостин без маска, а за тоа доби огромен бакшиш

156

Работник од Starbucks, кој една муштерика јавно го прозва откако ја замолил да стави маска на лице, доби скоро 100.000 бакшиш откако видеото во кое е критикуван стана вирално.

Ленин Гутјерез (24) ја одработувал својата смена во Starbucks, во Сан Диего, кога во локалот влегла жена без маска.

Гутјерез ја прашал дали има маска за лице, но пред да стигне да и ги покаже насоките на компанијата дека од клиентите се бара да носат маски, жената го нападнала вербално, а потоа го фотографирала. Но, кога ја објавила фотографијата на социјалните мрежи следела неочекувана реакција – голема поддршка за момчето.

Многу луѓе му пружиле поддршка на Гутјерез на социјалните мрежи, а некои рекле дека сакаат да го посетат кафулето и да му дадат бакшиш.

Меѓу оние кои ги погоди објавата бил Мет Кован (26), кој не го познава Гутјерез лично, но го вознемирило тоа што баристот е малтретиран поради тоа што ја направил вистинската работа.

Тој одлучил да покрене кампања за поддршка преку GoFundMe, Бакшиш за Ленин, со што сите кои би сакале да го почестат Гутјерез би можеле тоа да го направат виртуелно.

“Луѓето не бараат многу, бараат да носите маска поради ваша и безбедност на другите“, изјави Кован.

Целта на кампањата била да се соберат 1.000 долари, но за недела дена 1.000 луѓе донирале скоро 100.000 долари.

Фото:Facebook