„Керинг“ продава 60 проценти од зградата на Петтата авенија во Њујорк за 766 милиони евра

Француската групација за луксузни стоки „Керинг“, сопственик на брендови како „Гучи“ и „Ив Сен Лоран“, денес објави дека постигнала договор со инвестицискиот фонд „Ардијан“ за продажба на мнозински удел во својата зграда на Петтата авенија во Њујорк, во трансакција вредна 900 милиони долари, односно 766 милиони евра.

Според соопштението, недвижниот имот е склучен во новоформирано заедничко вложување, во кое „Ардијан“ ќе има 60 проценти сопственост, додека „Керинг“ ќе ги задржи преостанатите 40 проценти.

Тоа е продолжение на партнерството што двете страни претходно го воспоставија преку заеднички инвестиции во недвижнини во Париз, објавува „Фигаро“.