Керинг, сопственик на брендот Гучи, објави пад на оперативната добивка од 42 отсто

42

Групацијата Керинг, сопственик на луксузни брендови како Гучи, Ив Сен Лоран или Баленсијага, објави дека нејзиниот оперативен профит во првите шест месеци од 2024 година паднал за 42 отсто на годишно ниво на 1,6 милијарди евра.

Според извештаите, приходите на групата на чело со Франсоа-Анри Пино паднале за 11 отсто на годишно ниво на девет милијарди евра во првата половина од годината, пишува Фигаро.

Групацијата предупреди дека очекува континуирани тешкотии во втората половина на 2024 година, бидејќи верува дека нејзината оперативна добивка во втората половина на 2024 година ќе падне за приближно 30 проценти на годишно ниво.