Ќесичка за чипс со сензор што детектира алкохол

22

tostitos

Чипсот Tostitos, на американскиот бренд Frito Lay, доби ново и ограничено пакување. Станува збор за ќесичка за чипс на којашто е поставен сензор, што детектира дали има трага од алкохол во здивот на оној кој го јаде чипсот.

Доколку забележи присуство на алкохол, воланот на сликата од ќесичката ќе се обои во црвена боја, ќе се појави кодот со којшто може да се повика такси преку Uber и ќе се испише пораката “Не пиј додека возиш“, пишува Adweek.

Оваа кесичка за чипс е направена специјално за големиот американски спортски настан Super Bowl.