Keymitt – безбедносна паметна брава

365

Старт – ап од Луксембург креираше паметна безбедносна брава што се прилагодува на секоја врата. Изработката е со прецизен германски инженеринг, а уредот има и специјална заштида – AES 256 Dynamic Key Encryption.

Keymitt е дигитално непробоен, а батеријата трае двојно повеќе од останатите варијанти на паметни брави на пазарот.

Може да се контролира преку гестови со раката или автоматски со паметен телефон. Корисникот самиот одбира на кој начин ќе ја заклучи и отклучи вратата кога ќе излегува и влегува дома.

Со паметната брава нема потреба постојано да се носат клучеви, а истата има различни адаптери што одговараат на секаков вид на врата.

Стартапот го развиваше производот две години пред да го пласира на платформата Indiegogo каде што минатиот месец успешно ја заврши својата кампања со собрани 210.710 долари.

Висината на Keymitt изнесува 127,5 милиметри, додека ширина 65 милиметри. Доаѓа во три различни бои црна зелена и црвена.

Може да се контролира преку таканаречен Wi-Fi Hub, којшто е уред што се полни со USB и може да се постави било каде во домот или канцеларијата.

Се поврзува со сите Keymitt брави коишто се во опсегот на Bluetooth на радиус од 75 метри или 10 метри преку ѕидови.

Фото: Indiegogo