KFC го продаде своето “растително“ пилешко за само неколку часа

85

Американскиот ланец на ресторани KFC воведе пилешко од растително потекло во своето мени. За таа цел компанијата ги здружи силите со стартапот Beyond Meat и заедно го креираа Beyond Fried Chicken.

Производот беше достапен само еден ден на одредена локација во Атланта, Џорџија, за да се испита дали и колку ќе има заинтересираност за еден ваков производ без месо.

Тестот се покажал прилично успешен, со оглед на тоа што целата залиха била продадена за само пет часа, пишува Independent. Ресторанот, според вработените, продаде исто толку веге пилешко за еден ден, колку што продава од вообичаената “кофичка“ со пилешко месо за една недела.

Повеќето коментари беа позитивни, но имаше и такви дека се “препознава дека не е вистинско пилешко месо“.

KFC дополнително ќе одлучува дали ќе го претстави производот и на други локации, во зависност од коментарите на купувачите.

Фото:Facebook