КХВ им издаде дозвола на Метал Нет и Квалитет пром за заедничка понуда за преземање на Агрокуманово

49

komisija za hartii od vrednost

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Метал – Нет ДОО увоз извоз Куманово и на Квалитет – Пром ДООЕЛ Куманово им издаде дозвола да дадат заедничка понуда за преземање на Агрокуманово АД Куманово.

“Понудата за преземање се однесува на 14.798 обични акции со право на глас издадени од Агрокуманово АД Куманово. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 2.190 денари, која е еднаква за сите акции на кои се однесува понудата. Најмалата количина на обичните акции кои треба да бидат откупени за понудата да биде успешна е 14.702 обични акции, што претставува 57,53% од вкупниот број на обични акции. Најнискиот процент од сите обични акции на Агрокуманово АД Куманово кои преземачите треба да ги стекнат заедно со хартиите од вредност кои веќе ги поседуваат треба да изнесува 99,62%“.