КХВ ја додели годишната награда за млади истражувачи на тема пазар на капитал

95

Врз основа на Извештајот од Одборот за оценување и избор на најдобар труд од областа на пазарот на капитал ( во состав: Јетон Мазлами – Професор на Факултет за бизнис и економија при УЈИЕ, Претседател, Неби Хоџа – Претседател на Стопанската Комора  на Северозападна Македонија, Член, Д-р Александар Наумоски-  Професор на Економскиот факултет при  УКИМ, Член и Мате Стојановски – Главен правен советник, Комисија за хартии од вредност, Член,) кој на 2 април, 2021 година ги разгледа, соодветно евалуира доставените 14 трудови и изврши рангирање и избор на најдобар труд од областа на пазарот на капитал за 2020 година,  Комисијата за хартии од вредност ги додели наградите за младите истражувачи кои учествуваа на Конкурсот за доделување на Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на пазарот на капитал објавен на 16.10.2020 година.
Резултатите се следни:

ПРВА НАГРАДА

– “Моделирање и предвидување на приносите и волатилноста
на МБИ 10 индексот“од авторот  Димитар Фуна и

– “Стохастичко моделирање на волатилност за дневен поврат на МБИ 10 ” од авторката Јоана Маџоска.

На авторите на прворангиранитe трудови им се доделува Годишната (прва) парична награда од 35 000 денари поединечно исплатена во нето износ.

ВТОРА НАГРАДА

– “Детерминанти на развојот на пазарот на хартии од вредност во Северна Македонија “ од авторите Сања Андреевска и Горан Мојановски;

– “Емпириско истражување на индивидуалниот инвеститорски сентимент и неговото влијание врз Македонскиот пазар на капитал“ од авторката Ана Јовановска и

– “Потенцијалот за индексирање на отворени инвестициски фондови – случајот на Северна Македонија (кратка верзија)“ од авторите Ана Михајловска и Јаков Павловиќ Латас.

На авторите на второрангираните трудови им се доделува втората парична награда од 25 000 денари поединечно исплатена во нето износ (кај коавторските трудови износот од наградата сразмерно се дели на коавторите).

ТРЕТА НАГРАДА

– “Влијанието на COVID-19 врз MBI10 индексот – пазарната капитализација” во Република Северна Македонија“ од авторката Албина Сулејмани;

-“Отстапувањата од рационални инвестициски одлуки на македонските инвеститори на Македонската берза “ од авторката Ивона Тасевска и

– “Оптимизација на портфолио на акции: Примена на непараметарски пристап на Македонската берза“ од авторот Андреј Мајнов.

На авторите на треторангираните трудови им се доделува третата  парична награда од 15 000 денари поединечно исплатена во нето износ.

Извештајот од Одборот за оценување за рангирање и избор на најдобрите трудови можете да го најдете на следниот линк:

https://www.sec.gov.mk/media/files/2021/Rezultati%20od%20Konkursot%202020%20(April-2021).pdf

Инаку, Конкурсот за доделување на Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на пазарот на капитал е активност која КХВ ја предвиде во Годишната програма за работа за 2020 година, со цел поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на пазарот на хартии од вредност, како и афирмација на млади и стручни кадри, а со тоа и зајакнување на институционалната општествената одговорност во сите аспекти на своето делување.

Како регулатор, КХВ ќе продолжи да ги поттикнува и мотивира младите да се инволвираат во активности, поврзани со пазарот на капитал, вклучувајќи ја и научно истражувачката дејност и се надева дека интересот од година во година ќе расте за што потврда е и овој конкурс.

Фото: Pexels