Kickstarter воведува нова опција посветена на поддржувачите на проектите

14

kickstarter

Глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, на својата интернет страница ја претстави опцијата Community – заедница, посветена на поддржувачите на проектите.

“Зад секоја успешна кампања стои заедница од луѓе кои сакаат да помогнат идејата на креаторите да заживее. Повеќе од 10 милиони луѓе од 231 земја ги поддржаа креативните проекти на Kickstarter. Тој дух на заедништво и глобално покажување на великодушност е нешто што вреди да се прослави. Од таа причина го создадовме Community tab, којшто е нов начин луѓето кои ги создаваат проектите да ги ставиме во центар“, пишува на официјалниот блог на Kickstarter.

Оваа опција ќе им биде од голема помош на сите луѓе кои стојат зад креативните проекти бидејќи полесно ќе ги поврзе со потенцијалните поддржувачи. Ќе има опција за следење на имињата и фотографиите на поддржувачите, градовите од кои доаѓаат, потоа кој е нов на Kickstarter, кој од нив веќе ја дал својата поддршка за некој од проектите.

kickstarter 1