Kikai – еден поинаков автомобил од Toyota

31

8a6c87a6c24a852b93519e7a1da22d95Toyota претстави нов концепт автомобил што всушност има намена да ги поттикне луѓето да ја ценат убавината на машините, пишува News.au.

Наречено Kikai, ова возило ги открива скриените делови под каросеријата и металот на автомобилот и како што велат од компанијата, во ова дигитално време нè потсетува на важноста на допирот.

Kikai на јапонски значи машина, а внатрешноста е слична како онаа на F1, каде еден патник седи напред, а двајца на задното седиште. Дното на автомобилот е проѕирен така што сите можат да ги видат ауспухот, моторот, резервоарот за гориво и останатите делови, што покажува колку механичка работа е потребна за да се создаде еден автомобил.

Овој концепт за разлика од останатите нема да влезе во производство, но сепак интересно е што дизајнерите на вакви “играчки” се сетиле да прикажат едни минати времиња.

08c5c62490e9404c6ec0e46dffaf8ba7toyota-kikai-04-1Toyota Kikai concept-xlargetoyota-kikai-12-1