Бананите се тропско овошје што е веќе одомаќинето на нашите простори. Кога станува збор за неговата цена, тогаш Јужна Кореја е најскапа земја, бидејќи таму еден килограм банани чини 3,38 евра.
Според податоците на Numbeo, земји во коишто ова овошје чини над две евра се: Швајцарија (2,65 евра), Јапонија (2,47 евра), Данска (2,38 евра), Алжир (2,37 евра), Норвешка (2,35 евра), Сингапур (2,16 евра), Австралија (2,12 евра), Хонг Конг (2,09 евра), Иран и Израел (2,07 евра).
Од земјите во регионот, бананите имаат највисока цена во Хрватска и Грција (1,46 и 1,45 евра за килограм). Во Албанија и Бугарија еден килограм банани чини 1,27 односно 1,26 евра, додека во Словенија се продаваат за 1,24 евра. Поскапи банани од кај нас имаат и: Босна и Херцеговина (1,08 евра), Црна Гора (1,08 евра) и Србија (едно евро). Еден килограм банани во земјава чини во просек 0,91 евро.
Освен во Пакистан, каде килограм банани чини 0,58 евра, и во овие земји ова овошје е најевтино во споредба со светот: Египет (0,62 евра), Колумбија (0,62 евра) и Индија (0,63 евра).
Фото: Pixabay