За еден килограм јаболка во Јапонија треба да се одвојат 6,15 евра, додека истата количина во Сирија чини 0,56 евра.
Топ пет земји во коишто ова овошје е со висока цена, според Numbeo, се и: Јужна Кореја (5,20 евра), САД (4,02 евра), Тајван (3,85 евра) и Тринидад и Тобаго (3,70 евра).
Од друга страна, јаболката во светот, освен во Сирија, најевтини се во: Украина (0,58 евра), Молдавија (0,64 евра), Полска (0,66 евра).
Од регионот, најскапи јаболка се продаваат во Словенија и Грција, каде што цената им е 1,38 и 1,36 евра. Хрватска е 70-та во светот со цена од 1,17 евра за килограм јаболка. Потоа следуваат Босна и Херцеговина, Турција и Црна Гора, каде еден килограм чини од 0,86 и 0,84 евра. Македонија е 92-ра во светски рамки со 0,67 евра за килограм јаболка, а за истата таа цена се продаваат и во Србија.