Кина: „Америка нема да ги реши проблемите со царините“

37

Соединетите Американски Држави нема да ги решаваат сопствените проблеми со воведување царини, изјави денеска на редовна прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Хе Једонг.

Тој додаде дека Америка треба да ги почитува правилата на Светската трговска организација и да работи со Кина за да промовира стабилни економски и трговски односи, пренесува Ројтерс.

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави дека ќе воведе нови високи царини за стоки увезени од Кина, што може да предизвика трговска војна меѓу двете земји.

Кинеските државни медиуми како Глобал Тајмс ги пофалија операциите на Apple, Tesla и Starbucks во Кина, нагласувајќи дека „американските политичари треба да обрнат внимание и да ја почитуваат евидентната подготвеност на американските компании за економска и трговска соработка“.

Чајна дејли, исто така, истакна дека американската банка Морган Стенли добила одобрение од регулативата во март да ги прошири своите операции во Кина, наведувајќи го ентузијазмот на странските финансиски компании да инвестираат во Кина.

Економистите на JP Morgan вчера прогнозираат дека Вашингтон ќе ги зголеми тарифите за стоки од Кина од сегашните 20 проценти на 60 проценти, што би можело да го забави економскиот раст на Кина во 2025 година од најавените 4,8 проценти во 2024 година на 3,9 проценти.