Кина доминира по број на корисници на 5G мрежа

22

Во Кина на крајот на минатата година имало над 160 милиони корисници на 5G мрежа, што е околу 89% од вкупниот број на корисници ширум целиот свет.

Според кинеската медиумска група, на крајот на 2020 година во Кина имало 989 милиони корисници на интернет. Исто така, Кина изгради најголема мрежа на оптички кабли и направи 916.000 базни станици на 5G мрежата.

До 2023-та година се очекува во Кина да има повеќе од 560 милиони корисници на 5G мрежата.

Фото: Pixabay