Кина е најдобрата светска економија во однос на паритетот на куповната моќ

130

Кина е првата земја во светот по паритетот на куповната моќ во однос на БДП, покажуваат податоците на Светска банка за 2022 година. Следни по Кина се САД, Индија и Јапонија, а Русија е на петтото место во светот.

Паритет на куповната моќ одредува колку национални валута на различни земји е потребна за да се купи одредена потрошувачка кошничка, а таа се пресметува во американски долари, пренесува Комерсант.

Според податоците на Светска банка за БДП на земјите во светот за 2022 година според паритет на куповната моќ, Русија со 5.330 милијарди долари го зазеде петтото место во светот и првото меѓу земјите во Европа. Прворангираната Кина остварила 30.300 милијарди долари, САД 25.500 милијарди, Индија 11.800 милијарди, а Јапонија 5.700 милијарди долари.

Аналитичарите на Светска банка проценуваат дека до 2030 година првите пет земји ќе ги задржат своите позиции, со тоа што разликата меѓу Индија и САД се стеснува, а Русија се приближува до Јапонија. Според нивните предвидувања, рускиот БДП дотогаш би требало да порасне за вкупно 7,9 отсто, пренесува Бизнис.рс.

Според номиналниот БДП на крајот на минатата година, први во рангирањето се САД, а потоа следат Кина, Јапонија, Германија, Индија, Велика Британија, Франција и Русија.