Кина: Електричен товарен брод поминува 80 километри со едно полнење

19

ooФото: Youtube

Голем товарен брод, којшто се движи на електричен мотор, официјално беше пуштен во употреба во Кина, пишува Electrek. Бродот е 70,5 метри долг, 13,9 метри широк, 4,5 метри длабок и има носивост од 2.000 тони.

Опремен е со два електрични пропелери од 160 киловати и батерии за вкупен енергетски капацитет од 2,4 мегават часови електрична енергија. Бродот може да помине 80 километри со едно полнење.

Дизајниран е за кратки релации, а моментално пренесува јаглен преку реката Перл до провинцијата Гуангдонг. Двете бродоградилишта каде што ќе оперира се опремени со масивни системи за напојување коишто можат да ја наполнат батеријата на бродот за два часа или потребното време за да се истовари и натовари бродот.