Кина ги надмина САД – стана лидер по странски директни инвестиции

86

Кина ги надмина САД минатата година и стана најголемиот примател на странски директни инвестиции (СДИ).

Во Кина минатата година беа инвестирани 163 милијарди долари, додека САД мораа да се задоволат со инвестиции од 134 милијарди долари, покажуваат податоците на UNCTAD (United Nations Conference on Trade and Development) објавени во неделата.

За споредба, во 2019 година САД привлекле 251 милијарда долари инвестиции, а Кина 140 милијарди долари.

Севкупно, извештајот открива дека странските директни инвестиции опаѓаат на глобално ниво поради пандемијата со коронавирусот. Директните странски инвестиции паднаа за 42% во 2020 година, на 859 милијарди долари, што е пад од дури 30% под нивото од финансиската криза во 2009 година.

Минатата година развиените земји беа погодени повеќе од таканаречените земји во развој. Инвестициите во САД паднаа за 49%. Директните странски инвестиции во земјите во развој паднаа за релативно умерени 12%.

Фото: Freepik