Кина подготви нови упатства за постепено отстранување на американските микропроцесори направени од Интел и AMD од владини компјутери. Упатствата за набавки предвидуваат и замена на оперативниот систем Виндоус со домашен софтвер.
На владините агенции над општинско ниво им е предложено да вклучат критериуми кои бараат „безбедни и доверливи“ процесори и оперативни системи при купувањето, пренесува Seebiz, цитирајќи го Financial Times.
Според Ројтерс, кинеското Министерство за индустрија во декември издаде листа на процесори, оперативни системи и централизирани бази на податоци кои се сметаат за „безбедни и сигурни“ и произведени од кинески компании.
САД имаат за цел да го зајакнат домашното производство на чипови и да ја намалат зависноста од Кина и Тајван според Законот за наука од 2022 година. Законот е дизајниран да ја зајакне американската индустрија за полупроводници и обезбедува финансиска помош за домашното производство со субвенции за производство на напредни чипови.
САД во моментов размислуваат да стават на црната листа на голем број кинески производители на чипови поврзани со Huawei. Компаниите кои би можеле да бидат на црната листа на САД ги вклучуваат Qingdao Si’En, SwaySure и Shenzhen Pensun Technology Co. и PST, како и водечкиот кинески производител на мемориски чипови ChangXin Memory Technologies Inc,.