Кина ќе вложи 42 милијарди долари во изградба на тунел под Бохајско море за да ги поврзе источните и североисточните региони.
Тунелот ќе се протега од градот Далијан во провинцијата Лијаонинг, до Јантаи во провинцијата Шандунг и ќе биде најдолгиот тунел во светот под морско дно.
Тунелот ќе го скрати патувањето меѓу овие региони за 1.000 километри.
Досега најдолгиот тунел под морско дно се наоѓа во Јапонија, меѓу островите Хоншу и Хокаидо, а отворен е 1988 година по 20 години градење.
Тунелот Ламанш што ги поврзува Англија и Франција е долг 51 километри.