
Народната банка на Кина (PBoC) и Централната банка на Саудиска Арабија потпишаа споразум за размена на валута или валутен своп, објави Народната банка на Кина.
Вредноста на аранжманот е 50 милијарди кинески јуани или 26 милијарди саудиски ријали или 6,93 милијарди американски долари.
Договорот меѓу Пекинг и Ријад за размена на валути ќе важи три години и може да биде продолжен со заедничка согласност, пренесува Ројтерс.
„Воспоставувањето билатерален аранжман за размена на валути меѓу Кина и Саудиска Арабија ќе помогне да се зајакне финансиската соработка меѓу двете земји, да се прошири употребата на локалните валути и да се промовира трговијата и инвестициите“, се вели во соопштението на PBoC.