Кина има скоро 38.000 километри пруги за супер брзи возови

Вкупната должина на железничките пруги за супер брзи возови во Кина достигна 37.900 километри на крајот на 2020 година, што е за 2.900 километри повеќе во однос на претходната година, соопшти Кинеската државна железничка групација.

Вкупната должина на железнички пруги во Кина е 146.300 километри на крајот на 2020 година, додека за оваа година е планирано проширување за околу 3.700 километри.

Должината на железнички пруги за голема брзина во Кина надмина 35.000 километри на крајот на 2019 година, што е две третини од вкупната должина за супер брзи возови во светот.

Нови железнички линии од 4.933 километри се пуштени во промет минатата година.

Фото: Freepik