Кина ја обвини ЕУ за поттикнување трговски тензии што ќе доведе до „трговска војна“

53

Министерството за трговија на Кина денеска соопшти дека Европската унија продолжува да предизвикува трговски тензии во односите со Кина што може да предизвика „трговска војна“.

„Одговорноста е целосно на страната на ЕУ“, рече портпаролот на министерството, пренесе Ројтерс.

Кина се надева дека ЕУ ќе ги реши разликите преку дијалог и ќе избегне ескалација на трговските тешкотии.

Минатата недела Европската комисија предложи царини до 38,1 отсто за увоз на електрични возила од Кина и покрај противењето на Пекинг.

Соопштението на кинеското Министерство за трговија беше објавено околу еден час пред пристигнувањето на германскиот министер за економија Роберт Хабек во Пекинг.