Кина ја тестира храната од увоз поради ризик од коронавирус

33

Кина воведе строго тестирање на храна од увоз поради ризик од коронавирусот, предизвикувајќи лути реакции од големите производители коишто тврдат дека тестовите значат и ограничување на трговијата.

Според кинеските тестирања, откриен бил вирусот на опаковката од производи од 20 земји, вклучувајќи свинско месо од Германија, говедско од Бразил и риба од Индија.

Властите во Кина почнаа да тестираат разладена и замрзната храна од увоз во април, по низата случаи на зараза на пазарите за храна во Пекинг.

Некои од извозниците сметаат дека тврдењата на кинеските власти за пронајден вирус не се поткрепени со докази, додавајќи дека мерките на Пекинг ѝ штетат на трговијата и неосновано ја нарушуваат репутацијата на храна од увоз.

На состанокот на Светската трговска организација, што беше организиран на петти и шести ноември, кинеското тестирање на увезена храна и одбивање увоз на производи со позитивен тест на нуклеарна киселина за Канада е “неосновано ограничување на трговијата“. Официјална Канада му порачува на Пекинг да престане со таквата пракса.

Фото: Freepik