Кина, Јапонија и САД – најголеми трговски партнери на Австралија

23

Во текот на минатата година Австралија имаше вкупен извоз од 254,3 милијарди долари, што претставува пад од 6,6% во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 78,2% од извозот на Австралија беше насочен кон азиските земји, а 9,5% кон Европа.

Најголем трговски партнер на Австралија лани беше Кина со удел од 43% или 90,6 милијарди долари. Потоа следат: Јапонија (19 милијарди долари), САД (13,1 милијарда долари), Јужна Кореја (13 милијарди долари) и Велика Британија (10,3 милијарди долари).

Фото: Pexels