На јужниот кинески остров Хаинан, што важи за бецарински рај за шопинг, жителите на континенталниот дел на земјата поминуваат часови трпеливо чекајќи во ред за да влезат во продавници на Gucci, Tiffany или други луксузни брендови, пишува Ројтерс.
“Во овој момент правам список на тоа што сакам да го купам. Би сакала да купам чанта од Bottega Veneta, како и капут и јакна од Moncler пред да залади“, вели 34-годишната Зенг Ронг, ревизорка од Пекинг.
Со оглед на тоа што пандемијата остави огромни последици врз продажбата на луксузните брендови, Кина им е единствена надеж бидејќи се очекува да биде меѓу ретките економии што годината ќе ја завршат во плус.
Потрошувачката на Кинезите ги поттикна луксузните брендови да ги зголемат инвестициите на тој пазар. Освен ширење на интернет продавници, таквите компании забрзано отвораат и физички продавници во Кина.
Освен тоа, првите колекции што ги лансираат, најпрво се прикажуваат во Кина, посебно во Шангај, којшто полека го зазема местото на Хонгконг. Бидејќи богатите Кинези не можат да отпатуваат во Милано или Париз на шопинг, сè повеќе купуваат дома, па од таа причина кинескиот пазар на луксузни производи бележи голем скок.
Фото: Pixabay