Кина ќе биде најголемиот пазар за Apple

24

appleКомпанијата Apple очекува Кина да го претекне САД и да стане нивен најголем пазар, изјави претседателот на оваа компанија, Тим Кук.

Кина сега е вториот најголем пазар за Apple.

Продажбата на производите на Apple во Кина е двојно зголемена во 2011 во однос на 2010, затоа што iPhone, iPad и останатите американски производи се многу популарни меѓу Кинезите. Најголем дел од пазарот во оваа азиска земја го држат паметните телефони со Андроид платформа.

Тим Кук деновиве престојуваше во Пекинг, каде што се состана со шефовите на државната телекомуникациска компанија China Unicom Ltd, која прва на својата листа го стави ајфонот.

Кук за кинеските медиуми не сакаше да ги коментира гласините дека Apple за кинескиот пазар ќе произведува многу поевтини ајфон уреди.