Кина ќе дозволи на странски компании мнозински удел во банките

25

akcii

Фото: Pexels

Кина ќе го прошири пристапот на странски компании во својот финансиски сектор, овозможувајќи да преземат мнозински удел во банките или брокерските компании, пишува Xinhuanet.

Новите правила ќе им овозможат на глобалните финансиски компании пристап во втората по големина економија во светот.

Странските компании во иднина ќе може да контролираат и до 51% од заедничките компании коишто работат во Кина, најави кинескиот заменик министер за финансии Жу Гуангјао. Сегашниот максимум за странски компании изнесува 49%.