Кина ќе го добие најголемиот аеродром во светот

61

Интернационалниот аеродром во Пекинг, Daxing официјално ќе биде најголемиот аеродром според површина, откако истиот ќе биде завршен годинава.

Веќе беше направен и првиот тест, односно четири авиони успешно слетаа на новоизградената писта.

Планирани се уште два теста, еден за слетување при слаба видливост, додека другиот комплетен тест е закажан за деветти август. Изградбата чинеше околу e 11,5 милијарди долари, пишува CGTN.

Двете авиокомпании од земјата, China Southern Airlines и China Eastern Airlines ќе го користат аеродромот како нивна нова база штом ќе се отвори.

Терминалот којшто се простира на површина од 700.000 квадратни метри, вклучува посебни делови за домашни и интернационални летови.

Аеродромот се очекува да биде целосно комплетиран до 30-ти јуни, додека официјалното отворање е закажано за 30-ти септември. До 2021 година очекуваната бројка на патници годишно се проценува на 45 милиони, додека до 2025 цифрата се очекува да порасне на 72 милиони.

Фото:Facebook