Кинескиот амбасадор Цуи Живеи се сретна со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Состанокот се одржа во чест на одбележувањето на досегашната соработка меѓу двете држави. Со цел продолжување и продлабочување на соработката беше разменет и меморандум за соработка со кој Народна Република Кина ќе и додели на Македонија средства во висина од 2,5 милиони евра.
Во досегашната соработка, која започна во 2007 година, реализирани се повеќе проекти и студиски посети во рамки на договорите за економска и техничка соработка на двете земји. Заклучно со минатата година потпишани се договори во висина од 13,4 милиони евра наменети за изградба на училишта, здравствена инфраструктура, набавка на училишни автобуси и друго.