Кина ќе ја добие најголемата фабрика за преработка на отпад

116

fabrika za otpad

Во Кина ќе се гради најголемата енергетска постројка за преработка на отпад, според дизајн на архитектонските студија од Данска Schmidt Hammer Lassen Architects и Gottlieb Paludan Architects, пишува Dezeen.

Планирано е оваа фабрика да се изгради во планинскиот регион во близина на градот Шенжен. За еден ден би се преработувале околу 5.000 тони ѓубре, што претставува една третина од отпадот што го прават 20 милиони жители годишно.

fabrika za otpad kina

Овој објект ќе се протега на површина од 66.000 метри квадратни и енергијата што ќе му биде потребна во целост ќе ја создава самостојно. Две третини од покривот ќе бидат прекриени со фотонапонски ќелии, коишто ќе ја генерираат потребната сончева енергија.

Планирано е постројката да служи и како место каде што луѓето ќе учат како да се справат со отпадот. Посетителите ќе може да ги набљудуваат производните процеси.

Се очекува со работа да започне во 2020 година.