Кина ќе ја тестира својата дигитална валута на Олимписките игри во Пекинг?

37

Кина би можела да ја тестира својата дигитална валута меѓу странските спортисти на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година. Ова го изјави заменик гувернерот на Народната банка на Кина (PBOC) Ли Бо, додавајќи дека целта на дигиталниот јуан (или е-CNY) не е да ја замени улогата на доларот на меѓународната сцена.

PBOC започна со истражување на дигиталниот јуан во 2014 година, а неодамна започна низа пилот-проекти низ Кина кои им овозможуваат на жителите на градовите, вклучувајќи ги Шенжен и Пекинг, да  ја тестираат валута со трговците. Целта е да се заменат готовината и монетите во оптек и да се зголемат безготовинските плаќања во Кина. Тоа не е криптовалута и не е дизајнирана како биткоин.

“За претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг, се обидовме да го направиме е-CNY достапен не само за домашните корисници, туку и за меѓународните спортисти и слични посетители“, рече Ли.

Фото: Pixabay