Кинескиот амбасадор во Австрија, Ли Шиаоши смета дека неговата земја е во состојба да постигне двоен успех, во борбата против коронавирусот и во областа на економскиот развој.
Тој за австрискиот весник Kleine Zeitung изјави дека бројот на заразени лица во Кина е значително намален и дека новите инфекции во моментов се само случаи кои биле “увезени“. Тој смета дека последиците за економијата се привремени, вели дека тие се надворешно предизвикани и смета дека може да бидат ставени под контрола.
Според предвидувањата, економијата на Кина ќе закрепне добро во вториот квартал и ќе расте стабилно во втората половина од годината.
Тој ги отфрли тврдењата дека Кина ги потиснувала сите информации на почетокот на кризата, затоа што, како што вели, невозможно е да се потиснат во ерата на високо – технолошкиот развој.
“Информациите во Кина не се помалку динамични отколку во Европа“, рече амбасадорот, додавајќи дека кинеската влада презела активности од самиот почеток и ги споделила сите информации со Светската здравствена организација и другите земји.
Фото Pexels