Кина: Маглев воз што може да достигне брзина до 600 километри на час

100

Кинеската национална компанија (China railway rolling stock corporation – CRCC) развива прототип на маглев (магнетна левитација) воз што може да достигне брзина и до 600 километри на час, пишува CNN.

Возот сега е во фаза тестирање, а се очекува во текот на 2021 година е да почне нивно сериско производство. Развивање на возот траеше околу три години, а за тоа е создадена нова лесна и поцврста шасија што е основа за вградување нова технологија преку магнетна левитација.

Според проценката, релацијата од Пекинг до Шангај со брз маглев воз би траел околу три ипол часа, вклучувајќи го и времето што на патниците им е неопходно за подготовка за патување, качување во возот, контрола и слично. Со обичен брз воз, истата релација се поминува за пет ипол часа, а со авион четири ипол часа.