Кина можеби ќе ја ублажи политиката на едно дете

60

Кина ја разгледува можноста да ја ублажи политиката на едно дете затоа што е соочена со рапидно стареење на популацијата, објави China Daily.

Посебно владино тело работи на изработка на нацрт измени со кои на брачните парови во урбаните зони безусловно би им се дозволило раѓање на второ дете, пишува весникот.

Според постоечките правила, урбаните парови можат да имаат второ дете само ако двата родитела се единци.

Кинеските демографи повикуваат на реформи на строгата политика на едно дете, воведена во 1979 година за да се ограничи растот на популацијата, затоа што населението старее, а тоа го загрозува економскиот напредок. Освен што предизвикува стареење на населението, оваа политика е предмет на критики поради присилните абортуси и раст на социјална напнатост поради нерамнотежа во бројот на момчиња и девојчиња.

Кина денес има околу една милијарда и 340 милиони жители.