Кина најголем извозник на мед во светот

92

Извозот на мед во светот лани достигна вредност од скоро две милијарди долари, од којшто најголем дел или 11,8% отпаѓа на Кина. Од оваа земја лани е извезен мед во вредност од 235,3 милиони долари.

Пет најголеми извозници на природен мед во светот се и: Нов Зеланд (228,8 милиони долари), Аргентина (146,7 милиони долари), Германија (131,5 милиони долари) и Украина (113,3 милиони долари).

На регионално ниво, Бугарија лани извезла најмногу мед и тоа во вредност од 41 милион долари. Потоа следуваат: Грција (14,7 милиони долари), Србија (10 милиони долари) и Словенија (2,2 милиони долари)

Лани од земјава, според податоците на World’s top exports, е извезен природен мед и нешто повеќе од пола милион долари.

Фото: Pixabay