Минатата година, од Кина е извезен памук во вредност од 15,3 милијарди долари, што е 26% од вкупниот извоз во светот.
Втор најголем извозник на памук се САД, чиј извоз лани се позиционираше на 8,3 милијарди долари, додека трета е Индија со извоз од осум милијарди долари.
Меѓу топ 10 најголеми извозници на памук во светот се и: Пакистан (3,4 милијарди долари), Виетнам (2,7 милијарди долари), Турција (1,8 милијарди долари), Австралија (1,7 милијарди долари), Бразил (1,7 милијарди долари), Хонг Конг (1,4 милијарди долари) и Италија (1,4 милијарди долари).
Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Грција, од каде лани е извезен памук вреден 457 милиони долари. Словенија е 57-ма во светски рамки со извоз од 41 милион долари, Бугарија е 10 места подолу со извоз на памук од 33 милиони долари. На 78-мо место е Хрватска со извоз од 15,3 милиони долари, додека нашата земја е 82-ра со извоз на памук од 12,9 милиони долари. Босна и Херцеговина е на 88-мо место со извоз од 8,5 милиони долари, додека на 92-ра позиција е Србија со извоз во висина од 7,7 милиони долари.
Фото: Pixabay