Кина направила 40 маски за секој човек во светот, а тоа ѝ донесе доминација во извозот

41

Фабриките во Кина извезле 224 милијарди маски од март до декември, што е скоро 40 маски за секоја личност во светот, што е надвор од Кина.

“Кинеската доминација на извозот за време на пандемијата на коронавирусот најдобро се рефлектира во ставката што стана неопходна за заштита од вирусот: маски за лице. Фабриките извезле 224 милијарди маски од март до декември, што е скоро 40 маски за секоја личност во светот надвор од Кина“, изјави Ли Куивен, претставник на Генералната царинска управа.

Испораките вредеа 340 милијарди јуани (52 милијарди долари), што е околу 2% од целиот кинески извоз во 2020 година. Кинеските компании извезуваа и друга заштитна опрема. Вкупно, извозот на медицинска опрема и лекови се зголеми за 31% минатата година во споредба со 2019 година. 

Побарувачката за маски, болнички костуми и наметки и друга стока поврзана со пандемијата беше клучен двигател на рекордните извозни резултати на Кина во 2020 година, заедно со компјутерите и друга опрема за работа од дома.

“Побарувачката за кинеска стока може да остане голема во следните неколку месеци со неодамнешниот пораст на бројот на заразени лица во САД и Европа“, рече Динг Шуанг, главен кинески економист во Standard Plc во Хонгконг.

Фото: Freepik