Кина организира голема онлајн распродажба на производи од Европа

45

Во Пекинг утре ќе се одржи продажба на производи од земји од Централна и Источна Европа, во којашто ќе учествуваат повеќе од 980 милиони кинески корисници на интернет, објавуваат тамошните медиуми.

Кинези од своите телефони или компјутери ќе можат да купат производи од Бугарија, Полска, Грција, Унгарија…

Најпознатиот кинески инфлуенсер Viya, утре во 20 часот по локално време на своите следбеници ќе им понуди производи од овој дел на Евроа.

Вредноста на трговијата меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа лани надмина 100 милијарди долари, што е за 8,4% повеќе во однос на една година претходно.