Кина поддржува изградба на складишта во Европа

Кина во вторникот сигнализираше поддршка за компаниите кои градат магацини во странство, што укажува дека планира да ја зајакне е-трговијата дома и во меѓународната трговија.
Компаниите како Shein, PDD’s Temu и Alibaba’s AliExpress носат производи на пазарите ширум светот и забележаа силен раст во последниве години.

Прекуграничната е-трговија отвори нови можности за раст за компаниите кои беа фокусирани на домашната потрошувачка и се најдоа во неволја во услови на забавување на економската активност, криза на пазарот на недвижности и поизразена несигурност на работните места.

Министерството за трговија во вторник објави нацрт-пропис со кој треба да се поддржи електронската трговија на домашниот пазар, но и во надворешнотрговската размена.

Исто така, се наведува дека ќе се направат напори да се подобри управувањето со прекуграничните податоци и да се оптимизира надзорот на прекуграничниот извоз.

Државната администрација ќе ги „исчисти“ каналите за финансирање и ќе им помогне на компаниите во секторот за прекугранична е-трговија да го „подигнат својот бизнис на глобално ниво“, соопшти Министерството за трговија.