Кина привремено забранува влез на патници од десетина земји

30

Кина привремено забрани влез на патници од Франција, Италија, Велика Британија, Русија и други земји што се силно погодени од пандемијата.

Кинеските амбасади во Велика Британија, Белгија, Индија, Филипини и во неколку други земји објавија дека оваа недела официјален Пекинг одлучи “привремено“ да го запре доаѓање на некинески државјани во земјата. Тоа ќе важи и за оние кои имаат визи или важечки дозволи за престој.

Меѓу земјите што се најдоа на оваа листа се и Етиопија и Нигерија, којашто важи за најбројна земја во Африка.

Стопанската комора на Европската унија во Кина упати критики за ваквата одлука, сметајќи дека тоа ќе предизвика “силен удар во бизнисите“.

Инаку, пандемијата што сега го тресе целиот свет почна од кинескиот град Вухан на крајот на минатата година.

Фото: Freepik