Кина: Прочистувач на воздух висок 100 метри ја намалува загаденоста

44

pexels-photo-50868Фото: Pexels

Најголемиот прочистувач на воздух во светот, што се наоѓа во кинеската провинција Шанкси, е висок повеќе од 100 метри и неговата функционалност сè уште се тестира од страна на кинеската академија за науки, пишува South China Morning Post.

Како што велат од таму, во последните неколку месеци забележани се промени во квалитетот на воздухот на површина од 10 квадратни километри. Прочистувачот успеал да произведе повеќе од 10 милиони кубни метри чист воздух само еден ден од пуштање во употреба.

Системот работи со помош на стакленици со големина колку половина фудбалски терен, распоредени околу основата на зданието. Загадениот воздух оди во стаклениците и се загрева со помош на сончева енергија. Топлиот воздух потоа се издигнува во кулата и поминува низ повеќе филтри.

Според истражувањата, просечното намалување на PM 2,5 честичките опаѓа за 15% за време на висока загаденост.

Конструкцијата на кулата беше завршена минатата година во индустриска зона во областа Чан’ан. Целта на проектот беше да се најде ефикасен метод со ниска цена за вештачко отстранување на загадувачите од воздухот.