Кина: Робот доставува храна во карантин

96

Светот будно ја следи ситуацијата со корона вирусот во Кина. Луѓето во загрозените подрачја се советуваат да ги преземат сите неопходни мерки за да се заштитат од ширење на вирусот. Некои веќе бараат иновативни решенија што ќе им ја олеснат секојдневната борба.

Властите во Кина организираа привремени кантини во хотелите, каде што се сместуваат луѓе кои патувале со авиони во коишто имало заразени патници. Додека во карантин, овие луѓе мора да избегнуваат контакт со други лица, па за да им бидат навреме доставени сите потребни намирници, како што се храната и облека, ангажирани се роботи.

Роботот под името Little Peanut неуморно се движи од соба во соба во хотел во градот Хангжоу и доставува храна на лицата кои се сместени во привремениот карантин. Вакви роботи се активирани на сите 16 ката од ресторанот, а опслужуваат над 200 лица.

Додека се движи низ хотелските ходници, Little Peanut ги информира гостите дека им пристигнува храна, а за помош можат да се обратат на рецепцијата на хотелот преку апликацијата WeChat.

Фото: Facebook